More

    Песков предупреди на ескалации поради вежбите близу Украина

    spot_img

    Распоредувањето на американски војници во Романија ја зголемува заканата за Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ветувајќи дека Москва ќе го земе ова во предвид при обезбедувањето на нејзината безбедност, пренесува Н1.

    – Движењето на американските контингенти не носи предвидливост и стабилност во регионот – рече Песков на прес-конференција во Москва.

    Американските медиуми објавија дека 101. воздухопловна дивизија на копнените сили на САД, стационирана во Европа, е подготвена да влезе на украинска територија доколку дојде до ескалација на конфликтот со Русија или напад врз сојузник на НАТО.

    Запрашан за можноста претставник на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја посети Украина за да ги истражи руските наводи дека Киев планира да употреби импровизирана нуклеарна направа или „валкана бомба“, Песков рече дека Русија е во контакт со таа организација.

    Песков одби да ја коментира одлуката на судот за прашањето за потврдување на деветгодишната затворска казна за американската кошаркарка Бритни Гринер. Иако тој призна дека е можна размена на затвореници меѓу САД и Русија, портпаролот на Кремљ рече дека земјите не треба да коментираат за такви работи пред тие да се случат.

    Рускиот суд во вторникот ја потврди деветгодишната затворска казна за играчката на женската Национална кошаркарска лига (ВНБА) Бритни Гринер, отфрлајќи ја нејзината жалба на претходната пресуда. Таа беше уапсена во февруари на аеродромот Шереметјево во Москва, откако во нејзиниот багаж беше пронајдено масло од канабис.

    Во јули, таа се изјасни за виновна за обвиненијата за дрога, но тврдеше дека користела медицински канабис за лекување болка, негирајќи дека имала намера да го прекрши рускиот закон. Во август, Московскиот градски суд во Химки ја осуди Гринер на девет години затвор и парична казна од 1 милион рубљи, што ќе рече 15.500 долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img