Испораката на руски гас во Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ нема да биде целосно обновена додека „колективниот Запад“ не ги укине санкциите против Москва поради конфликтот со Украина, јавува Б92. Ова го соопштија од замокот Кремљ во Москва, а неговиот портпарол Дмитриј Песков призна:
– Проблемите со испумпувањето на гасот беа предизвикани од санкциите што ги воведоа западните земји кон нашата земја и неколку компании. Нема други причини кои би можеле да го предизвикаат овој проблем со пумпањето.
„Газпром“ претходно објави дека го запира протокот преку Северен тек 1 поради технички дефект, пренесува Фајненшл тајмс. Но, сега за тоа се виновни санкциите од ЕУ, Велика Британија и Канада. Западот и Русија долго време меѓусебно се обвинуваа во врска со ова.
Коментарите на Песков се досега најострото барање на Кремљ за ЕУ да ги укине санкциите во замена Русија да продолжи со испораките на гас на континентот.
– Очигледно е дека животот на луѓето, бизнисмените и компаниите во Европа се влошува. Се разбира, обичните луѓе во овие земји ќе имаат сè повеќе прашања за нивните лидери – подвлече Песков велејќи дека западните земји дека предизвикуваат „превирања“ со негирање на правните гаранции на Газпром дека турбините испратени на поправка ќе бидат вратени.
Сепак, постојат два гасоводи кои не се затворени, а преку кои Русија сѐ уште испорачува одредени количества гас во Европа. Првиот е стариот советски гасовод кој води преку Украина, а вториот е Јужен тек кој поминува низ Турција. И двата гасоводи не беа затворени во војната, која уште трае.