More

    Пендаровски вели дека никој со сила не може да нѐ направи Бугари

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски смета дека транспарентноста во однос на спорот со Бугарија е мошне важна и доколку тој лично се прашува Протоколот би го објавил уште пред една година.

    – Нема од што да се плашиме во тој документ, никој со сила не може да те направи Бугарин – изјави вечерва Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

    Пендаровски, околу договорањето за историските личности со Бугарија, кажа дека доколку нема договор, тогаш може да следува вето од Бугарија.

    –  Комисијата е составена од седум Македонци и седум Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади, ако се согласат, пуштаат до надлежното министерство, до МОН доколку зборуваме за учебник, и тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот, само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија – изјави Пендаровски.

    Посочи дека на европските претставници им е срам затоа што земјава го сменила името, а Европската Унија не испорачала.

    – Нив им е срам што државата која го промени своето име, е единствена во светот, која се уште не може да почне, не пак да заврши, преговори. Срам им е, не што ние чекаме 17 години, туку што чекаме со небулозни образложенија, надвор сме со небулозни образложенија. Ние имавме референдумско прашање во кое и ЕУ беше спомната еднакво и веднаш до НАТО членството – изјави Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img