More

    Пекинг се обидува да избегне целосно затворање поради ковид-19

    spot_img

    Пекинг затвори 40 станици на метрото или 10 отсто од градската подземна сообраќајна мрежа, како и многу автобуски линии, во обид да го запре ширењето на коронавирусот и да го избегне сценариото во Шангај каде што милиони жители се во „локдаун“ повеќе од еден месец.

    Откажани се 158 автобуски линии, а повеќето од нив се релации што водат кон реонот Чаојанг, инаку жариштето на ковид-19 во Пекинг. Со неколку десетици нови случаи дневно Пекинг се обидува да избегне целосно заклучување, на начин како што на почетокот се обидуваа и градските власти во Шангај.

    Во главниот град од 22 милиони жители се затворени училишта и бројни компании, како и станбени згради во области со висок ризик, додека многу луѓе складираат основни потрепштини за случај на целосно затворање.

    Второто од трите планирани масовни тестирања се спроведува во 12 од 16-те области во Пекинг.

    Во Шангај засега не се надѕира крајот на „локдаунот“.

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img