Форумот на Пацифичките острови, организација составена од 17 островски земји на Океанија, вклучувајќи ги Австралија и Нов Зеланд, побара од Јапонија да го одложи испуштањето на водата од нуклеарната централа Фукушима, која беше уништена од земјотресот и цунамито во 2011 година.
Јапонската влада објави дека водата од Фукушима може да се испушти во морето „во текот на пролетта или летото“, наведува Ројтерс.
Ова е повеќе од милион тони вода, која беше прочистена во април 2021 година.
Форумот на Пацифичките Острови верува дека испуштањето вода од Фукушима може да ја загрози нивната рибарска индустрија.
Мораме да спречиме акција што ќе не доведе до уште една масовна нуклеарна контаминација, изјави генералниот секретар на форумот на Пацифичките острови Хенри Пуна.
Според неговите зборови, островските држави во Тихиот Океан продолжуваат да се соочуваат со трајните последици од американските и француските тестови на атомски бомби извршени на тоа подрачје.
Токио соопшти дека е безбедно да се испушти водата од Фукушима во океанот, иако по филтрирањето за да се отстранат повеќето изотопи, таа сепак ќе содржи траги од тритиум.