More

    Папата Франциск наидува на опструкции во борбата со ова зло

    spot_img

    Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск изјави дека црквата работи на борба против педофилијата, но изрази жалење што некои луѓе во институцијата сè уште не го сфаќаат тоа јасно.

    – За еден свештеник, (сексуалната) злоупотреба е како да се оди против природата на свештеникот и против својата социјална природа. Затоа тоа е трагична работа и не смееме да престанеме да се бориме против ова зло – изјави папата пред новинарите во авионот кој се враќаше од повеќедневна посета на Бахреин.

    Папата Франциск рече дека правиме најдобро што можеме, но додаде дека во Црквата има луѓе „кои тоа сè уште не го разбираат”.

    – Тоа е тековен процес што го спроведуваме храбро, но не сите ја имаат таа храброст. Некои работи беа скриени, а пред скандалот во Бостон, свештениците беа префрлaни во други парохии. Сега сè е јасно и ние одиме напред по ова прашање – рече папата, алудирајќи на серијата скандали со педофилија во САД на почетокот на 21 век.

    Папата Франциск додаде дека волјата на Црквата е сè да се разјасни и додаде дека Црквата мора „да се срами од лошите работи и да му благодари на Бога за добрите работи што ги направила”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img