Папата Франциско денеска ја нарече војната во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да биде прекинататаа неприфатлива војна.
– За жал, насилната агресија против Украина не стивнува – изјави папата пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот „Свети Петар“ за време на неделната молитва.
Тој потенцира дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно се повторуваат убиства и злосторства.
– Нема оправдување за ова – рече папата Франциско, кој повторно не ја наведе Русија како агресор. Тој, исто така, ги повика сите актери во меѓународната заедница да работат на прекин на војната.