More

    Палестинци повредени за време на молитва во џамија во Ерусалим

    spot_img

    Израелските безбедносни сили рано утринава влегоа во комплексот џамија Ал Акса во Ерусалим, каде што илјадници Палестинци се собраа на молитва за време на светиот месец Рамазан, што доведе до судири во кои беа повредени најмалку 152 Палестинци и три полицајци, соопштија палестинските здравствени служби и израелската полиција, пишува Б92.

     

     

    – Акциите на израелската полиција, која упадна во џамијата Ал Акса и просторот за молитва на џамијата Ал Кибли се еднакви на објавување војна на Палестинците – рече палестинскиот претседател Набил Абу Рудаине, пишува новинската агенција ВАФА.

    Тој додаде дека „неопходна е итна интервенција на меѓународната заедница со намера да се запре агресијата врз џамијата Ал Акса и да се спречат работите да излезат од контрола“.

    Претходно вицепремиерот и министер за надворешни работи на Јордан Ајман Сафади побара Израел да ја повлече полицијата од џамијата во Ерусалим.

    Имамот Ал Акса, Екрима Сабри, за Ал Џезира изјави дека насилството било иницирано од еврејски жители кои биле поддржани од израелската полиција и армија.

    Според агенцијата ВАФА, лекарска помош побарале 153 Арапи повредени за време на конфликтот со израелските сили, додека 30 се хоспитализирани поради повреди од гумени куршуми. Агенцијата додава дека поради конфликтот со израелската војска и полиција приведени се околу 400 луѓе, а повредени се најмалку осум Израелци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img