Паднаа првите оставки на директори на Универзитетските клиники во Скопје, од функцијата си заминуваат проф. д-р Аспазија Софијанова и д-р Никола Васев.
– По барање на Министерот за здравство, денес до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев – соопшти министерството за здравство.
Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана.