More

    Откриена молекула во далечна галаксија

    spot_img

    Девет атоми на молекулата диметил етер се препознаени со телескоп во далечна галаксија и тоа во ѕвездената прашина од планета која штотуку се формира, велат наоди објавени во списанието Astronomy&Astrophysics. Планетата, која допрва треба да нарасне, се наоѓа во кругот на ѕвездата ИРС 48, а откритието ќе ни разјасни нешта околу потеклото на самиот живот на нашата планета, Земја, пишува ИФЛ Наука.

    „Од овие резултати, можеме да дознаеме повеќе за потеклото на животот на нашата планета и оттука да добиеме подобра идеја за потенцијалот за живот во другите планетарни системи. Многу е возбудливо да се види како овие наоди се вклопуваат во пошироката слика“, наведува авторката на студијата, Нашанти Брункен, студентка и магистер на опсерваторијата Лајден, дел од Универзитетот Лајден, рече во соопштението.

    Комплексната хемија во вселената има тенденција да комбинира зрнца прашина покриени со мраз. На пример, едноставните молекули, како што е јаглерод моноксидот, можат да подлежат на хемиски реакции кои водат до посложени молекули како што е диметил етер. Потоа, како што светлината на ѕвездите ги загрева овие зрна прашина и го прави мразот што ги покрива да се сублимира, овие поголеми молекули стануваат забележливи за нашите мерни инструменти.

    – Навистина е возбудливо конечно да се детектираат овие поголеми молекули во дискови (од планетарна прашина). Извесно време мислевме дека можеби нема да биде возможно да ги набљудуваме – додаде коавторката Алис Бут, исто така истражувач во опсерваторијата Лајден.

    – Дотолку истражувањето повозбудливо го прави фактот дека сега знаеме оти овие поголеми сложени молекули се достапни за да ги „хранат“ планетите кои се формираат. Ова не беше познато порано бидејќи во повеќето (сончеви) системи овие молекули се скриени во мразот.

    Молекулата била со телескопот АЛМА. Диметил етерот е клучен за создавање на молекули кои се многу важни за животот како што се аминокиселините, кои всушност се „циглите“ од кои се изградени протеините.

    – Неверојатно сме задоволни што сега можеме да започнеме да го следиме целото патување на овие сложени молекули од облаците што формираат ѕвезди, до дисковите што формираат планети, па до кометите. Се надеваме дека со повеќе набљудувања ќе можеме да дојдеме чекор поблиску до разбирање на потеклото на предбиотичките молекули во нашиот Сончев Систем – рече коавторката Ниенке ван дер Марел, исто така во опсерваторијата Лајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img