Тони Тапаловиќ, кој беше разрешен од Баерн со одлука на тренерот Нагелсман по повеќе од 11 години на местото тренер на голманите, предизвика пресврт во клубот, а Нагелсман ќе мора да се погрижи тоа да не влијае на неговиот однос со Мануел Нојер.
Тапаловиќ дојде во Баерн како личност исклучително блиска до Нојер. Тие станаа пријатели како голмани на Шалке, а набрзо станаа неразделни. Нојер моментално е надвор од тимот поради повреда со која се здоби на скијање.
„Мислам дека врската на Нојер со мене нема да се прекине бидејќи тоа не беше одлука насочена против Мануел. Секако дека не се согласуваат сите со таа одлука и секако дека е тажен за Тони. Се надевам дека ќе продолжат да се дружат приватно, тоа е важно. А кога ќе се опорави и ќе се врати, Нојер повторно ќе биде наш важен играч“, изјави Јулијан Нагелсман.
Јуп Хејнкенс, Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Нико Ковач, Ханси Флик и Јулијан Нагелсман ротираа како шефови на стручниот штаб на Баерн, но Тапаловиќ беше единствениот кој беше незаменлив. Тоа се смени пред неколку дена, бидејќи очигледно Нагелсман не бил задоволен од својата работа.