Кога се канонизира некој човек за светител на Црквата Божја , тој се прогласува за жител на Небесата, а не на некоја земја земна.
И тоа го знае секој човек кој барем грам вера има повеќе отколку национално слепило.
А сепак ете за жал, некој професор од Бугарија реагира на тоа дека канонизација било крадење историја и со тоа покажува дека е далеку од верата, а блиску до национализмот. И дека за него нема ништо свето, во случајов дури ни Лешочкиот светител.
А свети Кирил Лешочки е нашиот нов светија и на целата Црква православна.
Затоа, поклонувајќи се пред неговите свети мошти, да повикаме:
Свети Кириле Лешочки, прости ни што радоста на Небесата ти ја расипуваме со нашите земни и тесногради размислувања и препукувања.
И моли се за сите нас, па какви и да сме, та да бидеме подобри!