Новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје денеска свечено беа пуштени во употреба во присуство на делегација од Бугарија, како и претставници на македонската влада. Новото седиште на Центарот, кој е под капата на бугарското Министерство за култура, се наоѓа на улицата Никола Вапцаров.
– Со новиот објект на културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје да се отвори нова енергија во меѓусебните односи за културен натпревар и за победа на креативноста. Бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот во Бугарија имаат за цел да нè доближат како народи и култури. Отвoрете ги ширум портите на културата – порача на отоврањето министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
На отворањето преисуствуваше и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков. Во Центарот е отворена изложба која опфаќа слики од современи уметници од Северна Македонија и од Бугарија.
Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите на двете земји од април 2003 година.