More

    Основниот граѓански суд во Скопје усвоил две тужби за клевета во корист на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски

    spot_img

    Основниот граѓански суд во Скопје усвоил две тужби за клевета во корист на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Покрај правната битка против СДСМ, Мицкоски на суд ја добил и тужбата против Љупчо Ристовски од Интегра кој исто така користел лаги во политичката битка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во судската пресуда за случајот против СДСМ, судот пресудил дека партијата на својата официјална страна, а пред пошироката јавност со намера да нанесе штета на честа и угледот на тужителот изнела невистинити факти дека „Мицкоски му е вечен должник на Груевски. Тој мора да го штити и прави онака како што сака Груевски. Политиките на Мицкоски се политики на Никола Груевски“.

    Судот утврдил и дека партијата СДСМ го навредила Мицкоски со изнесување невистини и нарушување на угледот и честа со изјава дека „Мицкоски е пион кој се збогатил благодарение на неговиот шеф и ментор“.

    Партијата на Димитар Ковачевски изнела невистини и со изјавата дека „Во 2015 година, Груевски му доделил на Мицкоски 33.000 квадратни метри државно земјиште за изградба на хидроцентрали. Фирмата е 99% сопственост на Мицкоски, а не 7% како што ја лаже јавноста.“

    Покрај добиената тужба поднесена против СДСМ, Мицкоски по судски пат за клевета и навреда го доби и Љупчо Ристовски од Интегра.

    Судот утврдил дека тужениот Ристовски со цел да го наруши угледот на Мицкоски изнел невистини дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерството било против македонските национални интереси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img