More

    Османи смета дека името Борис Tерети ѝ штети на бугарската заедница во земјаваОсмани смета дека името Борис Tерети ѝ штети на бугарската заедница во земјава

    spot_img

    Oтворањето на клуб во Охрид кој го носи името на цар Бори Трети е на штета на бугарската заедница во земјава бидејќи претставува провокација, смета лично  министерот за надворешниe Бујар Османи.

    На денешниот брифинг Османи прашува дали некој свесно ги прави ваквите провокации за да им наштети како на угледот на бугарската заедница, така и на добрососедските односи.

    – Мојот став е дека имаме два аспекти кои не треба да се мешаат: правото на здружување е уставно загарантирано право и важи за сите граѓани. Тоа е недвосмислено. Земјава е потписник на Конвенцијата за заштита на малцински права. Но во истата конвенција се вели и дека тоа се прави во духот на толеранција и добрососедство. Името е избрано такво, цар Борис, но мислам дека не е во духот на втората точка од конвенцијата, зашто не создава услови за толеранција, соживот и добрососедство. Го сметам името за провокација и мислам дека е на штета на бугарската заедница во Македонија. Дали тоа некој го прави свесно, не можам да кажам. Како човек на функции и со искуство, сметам дека е на штета на Бугарите во услови кога тие, според Протоколот и договорите со Бугарија имаат можност да ги развиваат своите активности како заедница. Кој им го штити угледот и овде и пред меѓународната заедница не можам да кажам, но факт е дека не е во итнерес на Бугарите од Македонија. Тоа им пречи за афирмација на малцинските вредности на Бугарите во земјава. Но самите тие, како и  Бугарија е најдобро да кажат дали и колку штети трпат – рече Османи.

    Тој додаде имињата како цар Борис и Иван Михајлов не само што се неприфатливи за нас во земјава, туку  и за пошироката меѓународна заедница.

    Во однос на изјавите на неговиот бугарски когела Николај Милов, на прашањето дали ги доживеа како мешање во внатрешните работи на Македонија, Османи одговори потврдно.

    -Тоа е недозволиво мешање во внатрешните работи. Сакав тоа да му го кажам во Прата, на состанокот на Европската заедница, но не успеав, се надевам ќе му го кажам тоа на следното патување во Берлин – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img