Украинската актерка Оксана Швец е убиена во руски ракетен напад врз станбена зграда во Киев, објави „Млад театар“, чиј долгогодишен член била.
Швец (67), пишува „Дедлајн“, со децении работела во театар и филм, а нејзиниот талент и труд ѝ го донеле едно од највисоките украински признанија, како што е „Почесен уметник на Украина“, кое се доделува на најуспешните уметници во Украина.
Во своето соопштение „Млад театар“ изрази „ненадоместлива тага“ поради смртта на актерката.
– При ракетирање на станбена зграда во Киев, загина почесната уметничка на Украина Оксана Швец – пишува во соопштението.
Швец е родена на 10 февруари 1955 година. Дипломирала на театарското студио на театарот Иван Франко и на Државниот институт за театарска уметност во Киев. Покрај работата во „Млад театар“, Шветс настапувала во Тернопилскиот музички -драмски театар и во Киевскиот театар на сатира.
Нејзината смрт беше потврдена од „Киев пост“ на англиски јазик.
ФОТО: Твитер/Фејсбук