More

    ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ГРАДИМЕ МОСТОВИ КОН ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА ОД СОСЕДИ КОН СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРИ“

    spot_img

    Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска во Општина Охрид ги прими и им се обрати на учесниците на конференцијата  „Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери“ што изминативе неколку денови се одржуваше во Охрид во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ , а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за европски студии  „Филфрид Мартенс“ од Брисел.

    Учесниците на конференцијата беа  млади, талентирани, општествено одговорни  лица од Македонија и Бугарија  кои  дискутираа и разменуваа искуства на теми од заеднички интерес: Регионални предизвици од влијание на надворешни актери; Дезинформации односно справување  со лажни вести; Важност од целосна евро- интеграција на земјите од регионот во насока на обезбедување  регионална стабилност.

     Градоначалникот Пецаков објасни зошто е потребно одржување настани од таков тип.

    – Ми причинува особено задоволство , што денес сум меѓу Вас  и имам можност да ги поздравам  младите, талентирани и општествено активни луѓе од Македонија и Бугарија, стипндисти на фондацијата  „Конрад Аденауер“кои учествуваа на конференцијата  „Градиме мостови  кон заедничка иднина: од соседи  кон стратешки партнери“ што деновиве се одржуваше во Охрид. Ме радува фактот што   младите од двете соседни земји дискутираа  и разменуваа  искуства  на теми кои  се од заеднички интерес,  како регионални  предизвици  од влијание на надворешни  актери, дезинформации односно  справување со лажни вести, како и важноста од целосна евро- интеграција  на земјите од регионот во насока на обезбедување регионална стабилност. Ваквите средби се  доказ дека  и покрај македонско – бугарските недоразбирања за одредени политички прашања,  научните   и образование достигнувања не познаваат граници  и ги рушат сите бариери. Младите се тие на кои иднината  и  Светот остауваат  и вакви средби се од големо значење во надминување на различностите и градење  Европска иднина за двете земји, Македонија и Бугарија. Јас се надевам дека прошетавте  и ги видовте убавините на Охрид, градот кој заедно со Охридското Езеро како ретко и светски   важно  културно наследство  е под заштита на УНЕСКО. Овде, во Охрид , на секој чекор може да се почувствува  чудесниот спој на остатоците на цивилизациите  и природните реткости, амбиент кој континуирано  опстојува 7 илјади  години. Тука ве поздравувам и се надевам дека ќе има и наредни убави поводи повторно  да дојдете и да бидете гости  во нашиот убав  Охрид—рече градоначалникот Пецаков.

    На настанот се обрати и директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер “во Македонија, Даниел Браун.

    Учесниците на конференцијата се стипендисти на фондацијата, а предавачи беа докажани експерти во релевантните области од Македонија  и Бугарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img