Денеска со почеток во 14 часот во просториите на Општина Ресен се одржа 11-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која присуствуваа градоначалниците од регионот.
На седницата се разгледа и усвои одлуката за утврдување на листата на предлог проекти за развој на Пелагонискиот плански регион во рамки на Програмата за регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година за финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.