More

    Одбила да ѝ испорача оклопни транспортери на Украина

    spot_img

    Премиерот на германската покраина Баварија Маркус Зедер побара смена на министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

    На седницата на претседателството на ЦСУ, чиј лидер е, Зедер рече дека Ламбрехт не одговара на моменталната ситуација. Тој оцени, како што пренесува Билд, дека Ламбрехт ја „срами“ Германија пред Украина и западните партнери. Зедер го повика канцеларот Олаф Шолц да направи смена во владиниот кабинет.

    Причината за новите критики е одлуката на Ламбрехт да одбие испорака на оклопни транспортери во Украина. Според извештајот на „Велт“, Ламбрехт го „отфрлила“ барањето на Киев, бидејќи сите германски оклопни транспортери биле вклучени за потребите на НАТО.

    Зедер, од друга страна, нагласи:

    – Потребно е повеќе оружје за Украина. Германија мора да испорачува оружје без да стане страна во војната. Германија прави многу малку.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img