Со пригодна свеченост, основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа својот патронен празник. Пред присутните свое обраќање имаше в.д. директорот на училиштето, Љубица Ангелоска Кркачоска, кој на најуспешните ученици им додели награди.
Богатата програма беше реализирана од страна на учениците на ова училиште. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.