Од ноќеска не работи Блокот 2 во РЕК Битола каде што мемонтално работи само еден од Блоковите.
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека во прашање е пукната цевка која ќе биде поправена за 24 часа.Во рамки на нашиот план за обезбедување на електрична енергија предвидовме и 8 милиони евра за дневен увоз на електрична енергија за време на испади од системот. Ситуацијата дневно се следи и очекуваме сите капацитети да бидат вклучени во наредниот период – рече Ковачевски.
Ковачовски информира дека поради можен дефект во генераторот на ТЕЦ Неготино се прави негова проверка по што ќе биде ставен во употреба.
Тој додаде дека гас за топланите е набавен за декември., а набавката е од „Макпетрол“, а топлинската енергија се набавува и од Те –то.