Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на барање на Македонија, неговата земја ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.
Пред само неколку дена од нашата Влада посочија дека стоковите резерви се полни и дека војната во Украина нема да предизвика недостаток на основните прехрабени производи.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали неодговорноста на Владата е причината зошто државните резерви се празни?
„ Што правеше владата до сега и зошто не беа преземени чекори за полнење на државните резерви, туку тоа се прави во сред војна во Украина? Што доколку Србија немала и од каде и како ќе набавеле? Бектеши, Бесими и Ковачевски уверуваа дека стоковите резерви се полни и дека ништо не недостасува, а сега гледаме дека молеле за милостиња и побарале 50.000 тони пченици и 25.000 тони пченка од Србија. Реси Абдурахмани, првин кажа: Имаме колку што треба стокови резерви. Потоа Пендаровски рече: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крај Горан Милевски да каже: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.