More

    Од ВМРО-ДПМНЕ бараат праведно покачување на платите

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ предлага да се зголемат платите во државата согласно тежината и одговорноста на работата и смета дека тоа ќе значи вистинска помош за граѓаните, а не извор на нови неправди.

    Преку амандманска интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. СДСМ најмалку што може е веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според опозициската партија, растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност.

    Имено со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи со платите во многу одговорни и суштински дејности. Затоа сметаме дека одделенски наставник кој зема 25 илјади денари и возач на автобус кој зема 23 илјади денари, треба да земаат далеку повисока плата од минималната плата. Исто така, советник во некоја институција кој зема 24.000 и помлад соработник со високо образование во одредена институција со 20.000 денари согласно обврските и одговорностите треба да има плата која е повисока за одреден процент од минималната. Вработените со ВСС во студентските домови како Виш соработник/управник кој зема плата од 21.000 денари и Раководител на одделение со плата од 25.000 мора да земаат плата далеку повисока од минималната плата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму повторуваат дека на Македонија ѝ се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img