Огранокот на Алтернатива во Чаир негира дека барал министерот за здравство Беким Сали да поднесе оставка, поради незадоволство од неговата работа, откако своето незадоволство од Сали го изразијаја 11 членови на овој огранок со прес-конференција и со свои потписи испратени до лидерот на партијата Африм Гаши.
Поранешниот шеф на кабинетот на министерот Сали, Меритон Цивули изјави дека за својата загриженост го информирале претседателот на партијата, но дека засега нема никакво реакција од негова страна.
– Одлучивме да излеземе во јавноста бидејќи загриженоста ја упативме до претседателот на партијата, но тој не одговори, го повикуваме огранокот, поточно претседателот на партијата Африм Гаши, во рок од 10 дена да покрене постапка за разрешување – беше речено во кусата изјава за новинарите.
На прашање од Слободен печат да ги кометнира овие барања за оставак, министерот Сали само кусо одговори: „Што да коментирам за тројца „амбициозни“ само за тендери?“
Претседателот на огранокот на Алтарнатива во Чаир Фатон Фазли во соопштение појасни дека органоците немаат мандат да покренуваат постапка за разрешување на функционер.
„Сакам да објаснам дека во органите на Огранокот на Чаир немало никакви жалби и незадоволства кон ниту еден функционер на партијата. Ниту на Претседателството на Огранокот, ниту на Собранието на Огранокот на Чаир, која беше одржана пред извесно време, немало ниту една забелешка, па затоа денешната реакција нема никаква врска со Огранокот на Чаир, туку може да биде резултат на личните незадоволства. Како и да е, сакам да потсетам дека, според Статутот на партијата, прашањето на именување или разрешување на партиските функционери не е во надлежност на ограноците, туку е во надлежност на Централното претседателство на Алтернатива. Како претседател на Огранокот на Чаир, му честитам на министерот, Д-р Беким Сали, за неговата досегашна работа и му пожелувам успеси“, вели Фазли во својата пишана изјава.