More

    Овие пет домашни растенија можат да го подобрат вашето здравје

    spot_img

    Освен што го украсуваат домот, растенијата можат да го подобрат и нашето здравје. Познато е дека тие апсорбираат јаглерод диоксид и го претвораат во кислород.

    Сепак, новите студии покажуваат дека некои растенија можат значително да го намалат количеството на хемикалии во воздухот како што се бензените. Со помош на корените и листовите тие апсорбираат хемикалии и на тој начин го прочистуваат воздухот во домовите, пишува Geico living.

    Зелен крин или пајак растение
    Ова растение не бара многу одржување, не е токсично за домашните миленици и одлично го прочистува воздухот од загадување.

    Смирен крин
    Мировниот крин го чисти воздухот од амонијак кој се наоѓа во некои производи за чистење, како и други хемикалии.

    Сенсеверија или змија растение
    Ова растение впива разни гасови од воздухот, многу е отпорно, па затоа не треба често да се полева.

    Фикус
    Лисјата на фикусот го чистат воздухот од различни видови супстанции кои се наоѓаат во средствата за чистење на маснотии.

    Алое вера
    Овој сукулент е одлично решение против хемикалиите од тутунските производи, а гелот кој се наоѓа во листовите помага при изгореници и гребаници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img