More

    Оваа економија зафаќа 23,2 отсто од БДП

    spot_img

    Сивата економија изнесуваше 23,2% од домашниот бруто производ (БДП) во 2020 година, што е намалување во однос на 31,6% во 2006 година. Најголемите намалувања на неформалната економија се случуваат по воведувањето на рамниот данок (2007 година), за време на финансиската криза (2009 година) и по воведувањето на минималната плата (2012 година). Сепак, особено е забележливо дека од 2013 година, уделот на сивата економија во БДП стагнира, а во пандемиската 2020 дури и благо се влошува поради тоа што формалниот БДП доживеа поголем пад во однос на неформалниот БДП.

    Ова се констатира во истражувањето на Институтот за економски истражувања и политики Finance Think  со наслов „Колкава е нашата сива економија? Како клучни економски политики се одразуваат врз неа?“.

    Во истражувањето се анализираат две групи фактори кои имаат потенцијално значење за сивата економија: даночните политики и политиката на минимална плата.

    Проценката на тежината на одделните фактори, според истражувањето, покажува дека  три четвртини од варијацијата на сивата економија во 2020 се должи на факторите сврзани со даночната политика, додека факторите поврзани со минималната плата и растот на формалната економија придонесуваат од третина во 2007 до четвртина во 2020.

    Според истражувањето, повисоките и скалести даноци ја зголемуваат сивата економија, слично како и поголемиот даночен товар (персонален данок и социјални придонеси) на платите. Од друга страна, поголемиот капацитет за прибирање даноци од страна на даночните власти влијае врз намалување на сивата економија, но ефектот е статистички незначаен.

    „Сепак, земени заедно, ефектот од повисоки даноци со ефектот од капацитетите на даночната управа, укажуваат дека во услови на исцрпен простор за намалување на даночниот товар (со исклучок на парафискалните давачки), каква било потенцијална реформа на директните даноци, првенствено на даноците на трудот, ќе се одрази негативно врз сивата економија доколку не е придружена со зајакнати капацитети на даночните власти за прибирање на даноците и јакнење на даночниот морал на населението“, се наведува во истражувањето.

    Истражувањето покажува и дека зголемувањето на минималната плата ја зголемува и сивата економија освен во годината на нејзино воведување ( 2012 година) кое се толкува како резултат на формализирање на плати кои претходно (делумно или целосно) се исплаќале во готовина.

    „Но, анализата покажува дека зголемувањето на уделот на минималната во просечната плата стимулира сива економија. Последново веројатно го опфаќа ефектот на деформализација на дел од плаќањата кон работниците со минимална плата кога работодавачот проценува дека таа станува голем товар за компанијата“, се вели во извештајот.

    Спротивен ефект на намалување на сивата економија, има буџетската поддршка (субвенција) на минималната плата.

    „ Овој наод укажува дека минималната плата  е неопходно да расте во согласност со продуктивноста на трудот, со паралелно јакнење на капацитетите за спроведување на регулативата во сферата на работните односи. Наодите укажуваат дека е неопходно дизајнирање политики за зголемување на продуктивноста на долг рок, и тоа преку создавање и стимулирање домашен конкурентен пазар преку релаксирање на регулативата и либерализација на трговијата, преку зголемување на квалификуваноста на работната сила преку реформирање на образовниот систем, преку насочување на средства кон истражување и развој, и преку зголемување на ефикасноста на јавната администрација за да се намали товарот врз приватниот сектор“, се наведува во извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img