Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, заедно со пратениците од владејачката коалиција, вечерва се појави пред Собранието, каде што се одржа собир по разрешувањето на парламентарниот спикер Никола Минчев.
Петков излезе со мегафон пред демонстрантите и порача:
– Бугарија ќе биде нормална и европска земја. Само заедно можеме повеќе. Нема да ве изневериме, ќе победиме – рече премиерот Петков пред насобраните граѓани.
Премиерот им вети: „додека сме тука исправени и уште имаме пулс, нема да им ја предаде државата на овие мафијаши“.
Петков денеска ја загуби мнозинската поддршка во Народното собрание, каде беше формирано ново мнозинство, во кое се опозициските ГЕРБ, ДПС, Преродба и доскорешниот коалициски партнер, Има таков народ на Слави Трифонов.