More

    Ова е непријателски чекор, ќе има сериозни последици

    spot_img
    Руската Амбасада во Скопје излезе со реакција по повод протерувањето на дополнителни шест руски дипломати од страна на Северна Македонија.
    „Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани“, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница.
    Во реакцијата на Амбасадата се наведува дека „руските дипломати никогаш не се мешале во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршувале дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“.
    „Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремежот на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи.
    Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата „personae non grataе“ на 28 март годинава“, наведува Амбасадата.
    Северна Македонија на 28 март прогласи за персона нон грата петмина руски дипломати, а денеска дополнителни шестмина, поради, како што наведе МНР, извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. 
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img