More

    Објавена мапа на потенцијална руска окупација на Украина

    spot_img

    Британското Министерство за одбрана на Твитер објави мапа на потенцијална руска окупација на Украина. Црвени стрели низ територијата на земјата ги покажуваат можните правци по кои може да се одвива наводниот напад, пишува РусијаДенес.

     

    „Русија го задржува своето значително воено присуство со кое може да изврши окупација без дополнително предупредување“, напишале вчера од министерството, додавајќи дека ова се можните „оски на окупација на Путин“.

    На картата има седум различни стрели на нападот, а три од нив се од територијата на Белорусија. Твитот на британското министерство дојде околу еден час откако министерката за надворешни работи Лиз Трус рече дека е „многу загрижена поради денешните извештаи за зголемена руска агресија“. Таа го коментираше и вчерашниот инцидент кога 162 гранати беа фрлени во регионот Донбас, наводно од украинските сили како „бесрамен обид на руската влада да измисли изговор за окупација“.

    По овие неколку блиц-пораки од Лондон, се јави и американскиот претседател Џо Бајден со тврдењето дека „претчувствува дека Русија ќе изврши окупација во следните неколку дена“. Ентони Блинкен, американскиот државен секретар изјави дека Русија има намера да „произведе изговор“ за напад, што би можело да вклучува наводен терористички напад, измислено откривање масовна гробница со руски жртви, лажен напад со дрон врз цивили, па дури и напад со хемиско оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img