Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска категорично ја осуди нелегалната анексија на руската Федерација над украинските територии Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсонската област, како и продолжување на окупацијата на Крим, јави Анадолија.
Наведувајќи дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин е неприфатлива, ОБСЕ соопшти дека „оваа акција на Руската Федерација, која вклучува воена мобилизација и неодговорни нуклеарни закани, води само кон поголема ескалација на конфликтот, ставајќи во опасност милиони животи и предизвикувајќи дополнително непотребно човечко страдање”.
ОБСЕ ја повика Русија да ги повлече сите свои сили од Украина и воедно ја повтори својата поддршка за Украина и нејзиниот народ, како и посветеноста на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на таа држава.