Српската актерка Анѓелка Прпиќ веќе извесно време е во центарот на медиумското внимание кога се дозна дека е бремена и чека дете со Марко, најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, пренесува „Стори.хр“.
Актерката и нејзиниот партнер не се огласуваат во јавноста, не сакаат да зборуваат за тоа. Сепак, камерите на емисијата „Папарацо лов“ успеаја да ја снимат актерката која е во петтиот месец од бременоста.
Екипата на оваа емисија ја снимила како се шета во близина на зградата во која живее, каде веќе јасно ѝ се гледа трудничкиот стомак. Од изразот на нејзиното лице можело да се заклучи дека актерката не е најдобро расположена.
Новинарската екипа успеала да ја сними актерката и во прегратките на непознат маж, очигледно Марко, нејзиниот нов партнер.
Високиот маж ја прегрнал Ангелика додека оделе, а изгледал како вистински џентлмен носејќи ги работите на актерката.
Да потсетиме, веста дека Анѓелка е бремена со најдобриот пријател на поранешниот сопруг ги изненади нивните заеднички пријатели.
„Ангелка е бремена петти месец, а таткото на детето е многу добар пријател со нејзиниот поранешен сопруг. Дарио требаше да му биде кум на свадбата со жената со која беше 11 години, но бидејќи раскинаа, до венчавка и кумство не дојде“, открил сигурен извор за српски „Курир“.
Наводно поради Анѓелка ја оставил својата партнерка со која бил во врска 11 години. Раскинувањето се случило во март годинава, а се претпоставува дека тој и актерката оттогаш се заедно.
Инаку, на нивната свадба во 2011 година бил и Марко.
Фотографиите на нејзиниот Инстаграм покажуваат дека порано биле пријатели, па дури и заедно го прославиле нејзиниот роденден на 25 октомври.
ФОТО: Папарацо лов