Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на грен – слем турнирот во Вимблдон, совладувајќи го попладнево Јужнокореецот Сунву Квон со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 6-4).
За второрангираниот тенисер на АТП листата ова беше 80. триумф на терените на Вимблдон со што стана првиот играч во историјата на светскиот тенис со најмалку 80. победи на грен – слем турнирите.
– Овој спорт ми даде сè. Не сум веќе дете, но натаму го сакам со целото свое срце. Што да кажам, 80, сега ја напаѓам стотката – порача Ѓоковиќ по пласманот во второто коло.
Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот меѓу Австралиецот Танаси Кокинакис и Полјакот Камил Мајхжак.