Ново истражување покажа дека љубителите на црниот хумор имаат повисок коефициент на интелигенција. Испитувањето е објавено во научното списание „Когнитив процес“ (Cognitive Process) и во него учествувале 156 мажи и жени со различно ниво на образование и просечна возраст од 33 години.
Студијата ја водела Улрике Вилингер од Медицинскиот универзитет во Виена. На испитаниците им бил зададен тест за интелигенција кој вклучува вербално и невербално расудување. Во прашаликот се барало тие да го оценат своето расположение и нивото на агресија. Тие потоа анализирале и сатирични карикатури на уметникот Ули Стајн.
Резултатите посочуваат дека учесниците кои сакаат црн хумор се поинтелигентни, имаат повисоко ниво на образование, ретко имаат нарушувања на расположението и знаат како да ја контролираат агресијата.