Ново истражување: Добриот холестерол не е толку заштитнички како што се мислеше
Липопротеинот со висока густина (HDL), или „добриот“ холестерол, како што често се нарекува, можеби не е толку корисен во предвидувањето на ризикот од срцеви заболувања и заштитата како што се мислеше претходно.
Во една студија од 70-тите години на минатиот век, откриено е дека високото ниво на HDL холестерол е поврзано со низок ризик од срцеви заболувања, што оттогаш се користи за проценка на ризикот од овие болести, пишува CNN.
Меѓутоа, во истражувањето биле вклучени само белите луѓе.
Новото истражување покажува дека ниското ниво на HDL холестерол е поврзано со поголем ризик од срцев удар кај белите луѓе, но тоа не е случај за црнците.
Исто така, не е откриено дека повисоките нивоа на HDL холестерол го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести за двете раси.
Во истражувањето користеле податоци од илјадници бели и црни луѓе. Учесниците имале најмалку 45 години, а нивното здравје било анализирано во просек десет години.
Научниците открија дека високите нивоа на липопротеини со ниска густина (LDL) холестерол и триглицериди го предвидуваат ризикот од срцеви заболувања кај двете раси.
Тие забележуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се откријат причините за расната разлика помеѓу HDL и ризикот од срцеви заболувања.
Тие посочуваат дека фокусот мора да биде ставен на контролирање на покачениот ЛДЛ и други фактори на зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, пренесува N1 Загреб.