Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи на ковид-19.
Најмногу новозаразени има во Скопје, вкупно 487, а следува Битола со 70, во Кавадарци има 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Свети Николе , Македонска Каменица и Дојран – по 1. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 210 реинфекции.
Институтот регистрирал и 616 оздравени пациенти, додека во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица и тоа од Штип (71) и од Струга (91), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.