Новата тартан гумирана атлетска патика на Градскиот стадион во Пробиштип е завршена во рамки на заложбите на Општината за вложување во инфраструктура за обезбедување на услови за развој на спортот во градот.
– Градскиот стадион полека го добива потребниот изглед. Многу наскоро следува и поставување на нови седишта на трибините. Дополнително кон ова општината води разговори со приватниот сектор за финансирање и поддршка на фудбалскиот клуб Рудар за да го вратиме во лигата којашто доликува на овој фудбалски клуб – изјави градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.
Проектот за изградба на атлетската патека е финансиран од страна на Агенцијата за млади и спорт и Општина Пробиштип.