More

    Новата инвестиција за која денеска го потпишавме договорот за финансиска поддршка е во вредност од 25,7 милиони евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години

    spot_img

    Новата инвестиција за која денеска го потпишавме договорот за финансиска поддршка е во вредност од 25,7 милиони евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години, и предвидува проширување не само на постојните и отворање на нови производни линии со кои ќе се произведуваат делови за „ауди 4″, новиот модел „ауди А6″. Ова го изјави заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи по потпишувањето на договорот со компанијата „Кромберг и Шуберт”.

    Битиќи рече дека ова е трет договор со оваа компанија, кој го потпишува на датумот на отворање на фабриката пред 10 години во индустриската зона „Жабени” која денеска брои над 5.300 вработени.

    Според вицепремиерот, компанијата „Кромберг и Шуберт” има исклучителна важност за развојот на пелагонискиот регион.

    -Во последните години направивме значителни законски измени со цел развој на сите региони во нашата земја, а една од нив е измената која ја направивме во Законот за финансиска поддршка на инвестиции компаниите кои вложуваат во помалку развиените региони процентуално да добиваат поголема финансиска поддршка. Ова е примерот како „Кромберг и Шуберт” ја добива таа поддршка, а поддршката за компаниите расте особено е значајна што и во време на криза тие продолжуваат да инвестираат и соодветно да растат. Само оваа година преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции потпишавме нови 277 договори со компании за инвестициски циклуси во следните години, односно 277 договори ќе направат инвестициски циклус од 140 милиони евра, а вкупно од сите компании 95 отсто од нив се домашни компании – изјави Битиќи.

    Тој додаде дека целото портфолио на компании кои ги поддржува државата во нивниот развој е над 550 компании.  

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img