И покрај тоа што го освои Вимблдон, Новак Ѓоковиќ од овој понеделник е само седми тенисер во светот. Преседан кој тешко се памети во историјата на белиот спорт, пишува Мондо. Тој беше казнет со пад од четири места на АТП ранг-листата поради забраната за учество на руски и белоруски тенисери поради западните санкции кон овие земји.
Ѓоковиќ не само што не доби бод за годинешниот триумф, туку му беа одземени 2.000 бода за ланската победа.
Српскиот тенисер ова го знаеше и пред да дојде на Вимблдон, беше против тоа, но на крајот рече дека сака да учествува бидејќи сака да игра на Вимблдон. И додека се чини дека намерата на Вимблдон е да им направи проблем на Русите, Данил Медведев загуби само 180 поени, а Новак Ѓоковиќ речиси десет пати повеќе.
Медведев со 7.775 бодови и натаму го држи првото место и има огромна предност пред Ѓоковиќ (4.770), кој е во опасност да загуби 1.200 бода од Ју Ес Опен, доколку во меѓувреме не му дозволат да игра во САД.
Второто место на АТП ранг-листата го држи Александар Зверев (6.850), додека Надал и покрај тоа што се повлече од турнирот во полуфиналето напредуваше за една позиција и сега е трет со 6.165 бодови. Помеѓу него и Ѓоковиќ сѐ уште се Циципас (5.150), Каспер Руд (5.050) и Карлос Алкараз (4.845).
Ѓоковиќ беше на првото место 370 недели.