Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека импресивно е враќањето на Енди Марија, во пресрет на дуел од третото коло на Мастерсот во Мадрид.
Мари го победи Доминик Тим, а потоа и Денис Шаповалов.
„Гледав неколку негови натпревари, всушност гледав дел од дуелот од првото коло со Доминик Тим. Добро се движи, игра се подобро и подобро. Фантастично е да се види, бидејќи тој е важен играч за нашиот спорт“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Тој остави белег во историјата на нашиот спорт, освои три Грен слем титули, златни медали на Олимписките игри и беше број еден во светот. Тој е едно од најважните имиња што ги имаме и одлично е што продолжува да се натпреварува на највисоко ниво“.
Новак потоа и оддаде почит на Марија за се што помина.
„Импресивно е што тој се уште е таму, со оглед на операцијата и сето она што го следеше во претходните години. Неговата упорност и борбеност се вистинска инспирација“.
Тоа ќе биде прв дуел меѓу Ѓоковиќ и Марија по Доха во 2017 година, а Новак води во меѓусебниот резултат со 25-11.
Дуелот е на програмата во четврток, а сите натпревари од Мадрид гледајте ги на каналите Спорт Клуб.