More

    Нова монета од пет фунти по повод 40-тиот роденден на принцот Вилијам

    spot_img

    Нова монета од пет фунти по повод 40-тиот роденден на принцот Вилијам
    Четириесеттиот роденден на британскиот принц Вилијам ќе биде одбележан со издавање на монета од 5 фунти со неговиот лик, соопшти Кралската ковачница.

    Официјалниот државен производител на монети на Обединетото Кралство ја претстави монетата во пресрет на кружниот роденден на Вилијам на 21 јуни.

    Ликот на војводата, втор во редот за тронот, за првпат ќе се појави независно на официјална монета кована во Кралската кованица.

    Создаден е од дизајнерот и гравер Томас Т Доерти. Во средината на монетата е портретот на Вилијам, а околу него кралскиот код на војводата – првата буква од неговото име – W, веднаш до бројот 40.

    Од другата страна на паричката ќе биде фигурата на кралицата Елизабета Втора, дизајнирана од Џоди Кларк.Работ на монетата ќе биде украсен со натпис „HRH војвода од Кембриџ“.

    „Дизајнот е одраз на рамнотежата помеѓу свежата енергија на Неговото Кралско Височество како млад татко и церемонијалната природа на неговата кралска позиција“, рече Доерти, опишувајќи го дизајнот на новата монета.

    Истовремено, заедно со новата монета од 5 фунти, ќе се продава и ограничен сет со два златници – празнична монета и монета издадена во 1982 година, кога е роден војводата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img