Со новиот даночен удар, цигарите во Хрватска би поскапеле за најмалку десет куни по кутија.
Европската унија подготвува нов даночен удар за тутунската индустрија, преку предлог за зголемување на најниската можна акциза. Тоа значи дека ќе ги поскапат цигарите во источноевропските земји, каде некои цигари се уште може да се купат за помалку од три евра, пишува Јутарњи.
Така се очекува минималната можна акциза за цигарите да се зголеми од 1,8 на дури 3,6 евра за кутија од 20 парчиња.
Така минималната акциза по кутија цигари ќе изнесува 3,6 евра или 27 куни, што значи дека целиот асортиман на марки на тутун драстично ќе поскапи, пишува Јутарњи лист.
Досега минималната акциза за цигари во Хрватска беше 17,76 куни за кутија од 20, што доведува до малопродажна цена од 28,71 куни по кутија. Затоа се зборува за поскапување од најмалку 10 куни по пакет во Република Хрватска.
Се очекува зголемувањето на акцизите за тутунските производи да ги зголеми приходите на земјите-членки на ЕУ за 9,3 милијарди евра. Друга идеја на администрацијата на ЕУ е да има генерација „без тутун“ до 2040 година, кога дотогаш уделот на корисници на тутунски производи би бил помал од 5 отсто, пишува Јутарњи.