More

    Нов изглед на „Г-мејл“

    spot_img

    Како што вети „Гугл“, новиот изглед на „Г-мејл“ полека се шири кај сите корисници низ светот. Промените во дизајнот не се големи, туку повеќе се работи за освежување на корисничкиот простор. Опциите „Мит“, „Чет“ и „Спејсес“ сега се попристапни и се дел од целокупното ново искуство, вклучувајќи елементи од дизајнерскиот јазик на „Гугл материјал дизајн 3“.

    „Гугл“ објавуви и дека подоцна оваа година, корисниците на „Г-мејл“ на таблет ќе имаат уште повеќе подобрувања – поддршка за емотикони и повеќе функции за пристапност. Оние кои го користат „Г-мејл“ за работа можеби веќе го добиле новиот изглед, а „Гугл“ ја остави опцијата за враќање на стариот дизајн за оние на кои не им се допаѓаат промените.

    Новиот интерфејс ги поместува копчињата „Мејл“, „Мит“, „Чет“ и „Спејсес“ на листа на горната лева странична лента наместо да прикажува неколку разговори од секој дел од списокот.

    Промените се дел од новиот пристап кон пакетот „Воркспејс“, којшто треба да донесе уникатен стил и нови функции со вештачка интелигенција и подобрено пребарување на „Г-мејл“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img