Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер го погоди подрачјето на Босна и Херцеговина во понеделник наутро.
ЕМСЦ известува дека епицентарот на земјотресот бил на околу 25 километри северозападно од Зеница и 21 километар северно од Травник на длабочина од два километри.
Според првите информации, јачината на земјотресот била 4,1 степен, но тоа подоцна било корегирано.
Засега нема информации за штети.