More

    Нов закон во Велика Британија: Построги казни за возачите, можни и доживотен затвор

    spot_img

    Построги казни, вклучително и доживотен затвор, ги очекуваат возачите кои предизвикуваат сообраќајни несреќи со смртни последици. Според последните измени на Законот за полиција, криминал, казни и судови, од следната недела во Велика Британија стапува на сила одредба според која ќе се изрекуваат доживотни затворски казни.

    Во моментов максималната казна за лицата кои предизвикуваат сообраќајна несреќа со смртен исход е 14 години затвор.

    „Одговорните сега ќе се соочат и со можноста да го поминат остатокот од својот живот зад решетки. Премногу животи се изгубени поради несовесно однесување зад воланот… Уништени се семејства“, изјави министерот за правда Доминик Рааб за Би-Би-Си, пренесува Дневник.хр.

    Новиот закон го опишува и кривичното дело нанесување тешки телесни повреди со несовесно возење, што значи дека на построги казни ќе им се изрече и на оние кои ќе нанесат долготрајни или трајни повреди.

    Обвинителството ќе продолжи да покренува обвиненија за убиство или убиство од небрежност доколку има докази дека возилото било употребено како оружје за предизвикување смрт или тешки телесни повреди.

    Предложената законска измена првпат беше објавена во 2017 година, а ќе стапи на сила во вторник следната недела. Се применува само за Англија, Шкотска и Велс, Северна Ирска има свои закони за безбедност на патиштата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img