Хрватската музичка дива Нина Бадриќ во неделата го прослави својот 50-ти роденден во ресторан во Загреб, а сега на својот Инстаграм објави уште неколку фотографии од прославата.
„Срцето ми е полно! Малку ќе ве бомбардирам со фотографии деновиве, но сакам овој прекрасен спомен да остане и овде“, напишала таа.
На роденденската прослава била поканети околу 140 гости, меѓу нив имаше и многу познати личности како Јелена Розга, Петар Грашо и Енис Бешлагиќ.
Нина за роденденот облекла бел краток фустан со голема декорација на предната страна, кој мамел погледи.
ФОТО: Инстаграм