Двократниот последователен МВП на НБА, Никола Јокиќ не престанува да ги поместува границите во НБА.
Овој пат го потпиша најголемиот договор на сите времиња во најсилната лига на светот.
Денвер Нагетс решија богато да го наградат главниот лик на франшизата и двократниот МВП на лигата.
Имено, Јокиќ потпиша нов петгодишен договор вреден 264 милиони долари, најголем досега во НБА.
Во последната сезона тој ќе има право сам да одлучи дали сака да остане во Нагетс со загарантирани 63,3 милиони долари.