More

    Неприфатливо, украинските проектили стигаат и до Москва

    spot_img

    Никогаш не е доцна Русија да се откаже од окупација, истакна генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој ги поздрави санкциите кои повеќе европски земји ги воведоа веднаш откако се дозна дека Путин ги признал отцепените региони и додаде дека Алијансата ќе продолжи да ја поддржува Украина воено и финансиски, а дека ќе одговори во случај на напад на нејзина земја-членка.

    – Русија уште има избор да направи чекор назад, да избере дијалог и дипломатија, ние покажавме дека сме подготвени да седнеме и да разговараме со Русија во дух на доверба, рече Столтенберг и ѝ порача на Русија дека не е доцна да не нападне.

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека не кажал дека руската армија веднаш ќе оди во Донбас, додавајќи дека Договорот од Минск веќе не постои.

    – Украинските разговори околу нуклеарните амбиции беа насочени кон Русија и ние ја добивме пораката. Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили – изјави Путин, пренесуваат британските мекидуми.

    Тој, исто така, кажа дека „Украина, вооружена до заби, е антируски настроена, што е неприфатливо“.

    – Невозможно е да се предвидат конкретните акции на руската армија во Донбас. Украина треба да се демилитаризира. Најдобрата одлука што може да ја донесе Киев е да се откаже од своите амбиции да се приклучи на Алијансата – истакна Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img