More

    „Нема функционер во МВР на кој му било платено патување во странство“

    spot_img

    Кабинетот на претседателот на Владата провери во Министерството за внатрешни работи и нема функционер на кој му е платено патување во странство на државна сметка, кратко одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеничко прашање поставено од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ковачки го праша премиерот дали го оправдува однесувањето на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ и доколку одговорот е негативен, дали би поднел предлог до Собранието за негово разрешување.

    По краткиот одговор на премиерот, тој посочи дека Владата бега од одговорност и го обвини Ковачевски дека е уценет од ДУИ.

    – Од одговорот докажавте дека сте уценет човек и дека цело време сте под притисок од ДУИ. Вие сте обичен слуга на ДУИ. Како може да не ве интересира кој му ја платил сметката и да толерирате изјава дека „не знае кој му ја платил сметката”. Ако на заменик-министер не му е важно кој него го корумпира, како тој човек ќе се бори утре против корупција – рече Ковачки.

    Минатата недела, албанскиот портал „Ора њуз” објави истражување за албански функционери, меѓу кои се најде и заменик-министерот на МВР, Назин Буши. Согласно податоците на албанскиот протал, Буши престојувал во Турција и платил 20.000 евра за едно ноќевање во луксузен хотел. По објавувањето на ова истражување, Буши одговори дека повеќе лица престојувале во хотелот и не знае кој ја платил сметката, но и дека сумата од 20.000 евра е претерана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img