Неколку вооружени и маскирани лица рано изутринава, околу 6 часот, му се заканиле на чуварот на трговскиот центар во населбата Топанско Поле, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле сместени во деловниот објект, јави Телма.
Според неофицијални извори станува збор за трговскиот центар „Поинт ретаил парк“.
Полицијата го потврди инцидентот и сооопшти дека се преземаат мерки за негово расчистување.
„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица Македонско-косовска бригада во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Како што соопшти полицијата, поради настанот изутринава бил затворен сообраќајот во делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар па се создале огромни колони возила на околните сообраќајници и во овој дел од градот.