Слики и видео од страшното невреме кое вчера во предвечерените часови го зафати Делчево на Инстаграм постираше познатиот метеоролог Славчои Попоски. Ветрот корнеше кровови и дрвја, дел од градот остана во мрак бидејќи паднаа електрични столбови, па беше сопрено напојувањето со струја.
На една од фотографиите се гледа поплавена улица во која водата ги покрива тркалата на паркираните автомобили пред една зграда. На другата, искорнато дрво.
Градоначалникот Горан Трајковски изјави дека најважно од сѐ е што нема повредени. Од ЈП „Брегалница“ се на терен за да ги санираат штетите.
Делчевчани велат дека не паметат вакво невреме.